Земјотресот го помести Лезбос за 4,4 сатиментри од Хиос, нова пукнатина претставува закана

од Vladimir Zorba

Како резултат на моќниот земјотрес со јачина од 6,3, кој се случи на 12 јуни, грчкиот остров Лезбос се поместил за речиси 4.4 см од островот Хиос, соопштија научниците од Националната опсерваторија на Атина.

Директорот на Опсерваторијата – Танасис Ганас тврди дека точните координати на островите беа одредени по податоците од двете станици кои се наоѓаат на двата острова и го мерат точното растојание помеѓу нив, прецизира научниците.
Сеизмолозите заклучиле дека земјотресот бил предизвикан од активирањето на пукнатини, кој се наоѓа јужно од Пломари.

Научниците изразиле загриженост дека во регионот, кој се наоѓа на северозапад има пукнатина, која достигнува до Ересос и се уште не е активирана.

Во меѓувреме, властите кои прогласија вонредна состојба, продолжуваат да ги пресметуваат штетите предизвикани од земјотресот, така според најновата пресметка, бројот на куќите, опасни за живеење се исчаки на 753.

Слични содржини