„Зери“: Харадинај се наоѓа меѓу два полиитчки огна

од desk2

Една недела по предвремените парламентарни избори во Косово, нема никакви навестувања за тоа кој би можел да го добие мандатот за состав на новата косовска влада, оценува приштинскиот весник „Зери“.

Според аналитичарите, како што наведува весникот, кандидатот за премиер на победничката коалиција ПАН и лидер на Алијансата за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај во вакви услови се наоѓа меѓу два политички огна.

Иако колаицијата ПАН освои најмногу пратенички места на изборите и согласно Уставот, Харадинај треба да го добие мандатот за состав на нова влада, сепак, според аналитичарите, за да успее да обезбеди стабилно парламентарно мнозинство, тој ќе треба да прави „многу болни компромиси, кои ќе намаат крај“.

Харадинај има можност да формира коалиција со пратениците од малцинските партии, вклучително и со 10-мината претставници на Српската листа, која според „Зери“, е целосно свртена кон Белград и има поддршка од страна на Владата на Србија, што не му одговара на лидерот на ААК. За мнозинство, покрај гласовите на малцинските партии, на Харадинај ќе му биде потреба поддршка и од „најмалку двајца-тројца пратеници“ и од другите партии.

Во ваков случај владата на Харадинај би зависела од расположението на Српската листа, што според аналитичарите, би претставувало најлошо решение за Косово, наведува „Зери“.

Втора можност што се отвора пред Харадинај е да формира влада со коалицијата предвидена од Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) на актуелниот премиер Иса Мусрафа, што би значело дека тој ќе мора да се откаже од половина од позициите во извршната власт.

Меѓутоа, ЛДК одбива да коалицира со Демократската партија на Косово (ПДК), која е дел од коалицијата ПАН и чиј основач е актуелниот косовски претседател Хашим Тачи, обвинувајќи ја дека е одговорна за распишувањето на предвремените избори и предизвикувањето на политичката криза во Косово.

ЛДК и ПДК беа партнери во досегашната владина коалиција, која се распадна откако партијата на Тачи реши во Парламентот да ја поддржи иницијативата на опозицијата за изгласување недовреба на владата, што доведе до предвремените избори.

Весникот „Коха дитори“, повикувајќи се на партиски извори наведува дека ЛДК ја разгледува можноста да поддржи формирање малцинска влада предводна од Харадинај, но да не учествува во неа и да остане во опозиција.

Со ова, според весникот, ќе се создадат услови за реформирање на ЛДЛ по „разочарувачките изборни резултати“.

Потпретседателот на ПДК, Мемљи Красниќи, од своја страна, во изјава за „Коха дитори“, тврди дека коалицијата ПАН сепак ќе формира влада во законски предвидениот рок.

Со сличен ства е и самиот Харадинај, кој е уверен дека ќе формира влада која „ќе почне да работи за брзо време, без никкави предизвици, купување пратеници или жртвувања“.

Слични содржини