Згаснуваат „Утрински весник“ и „Вест“

од Vladimir Zorba

Денеска за последен пат во печатено издание излегуваат „Утрински весник“ и „Вест“ кои 18 години опстојуваа на медиумската сцена. Овие два весника од МПМ ќе станат веб-портали со по неколку вработени, а останатите ќе останат без работа. Единствено  весникот „Дневник“ продолжува со работа.

Причина за затворањето на медиумите е лошата финансиска состојба на компанијата. Фирмата „Графички центар“, која е сопственик на „Медиа принт Македонија“, издавач на весниците „Дневник“, „Утрински весник“, „Вест“, „Македонски спорт“, „Теа модерна“ и порталот „Телеграф“, во Основниот суд Скопје 2 почна претстечајна постапка.

Од 230 вработени во сите медиуми и во администрацијата, во новата фирма ќе останат 113 вработени./24вести

Слични содржини