Жбогар и Вангеловски разговарале за назадувањето на судството

од Vladimir Zorba

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска имал средба со претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски на која било разговарано за состојбите во македонското судство,

Детали од средбата нема, но Жбогар на социјалната мрежа „Твитер“ кратко соопшти дека: „Со претседателот на Врховниот суд разговаравме што се треба да се направи за да се запре назадувањето во судството. Правото треба да важи за сите подеднакво“.

Од Врховниот суд денеска немаше никаква информација за средбата, а нема ниту соопштение на нивната интернет-страница, односно на судскиот портал, на кој од неодамна се објавуваат сите новости и соопштенија на судовите во земјава.

Претседателот на Врховниот суд, Вангеловски во моментов е актуелен во јавноста со контроверзните реферати кои ги стави на дневен ред на судот, а кои се однесуваат на тоа дали прислушуваните разговори можат да се употребуваат како докази во судските постапки и за тоа кој може да поднесува барања за заштита на законитоста.

Општата седница на која судиите требаше да расправаат по овие прашања беше одложена, бидејќи дел од нив биле на боледување, а кога ќе се одржи засега нема информации./Meта

Слични содржини