Жбогар: Посета на Јункер е порака самата по себе

од Vladimir Zorba

  Посетата на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер на Скопје, претставува порака самата за себе. Тој ја почнува турнејата по земјите од западен Балакан и прва станица е токму Скопје и тоа е порака самата за себе.

Ова го изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар на прашањето на  МИА, за тоа каква порака носи Јункер во недела во Скопје.

-Од друга страна познато е дека ЕУ е тука за вас. ЕК на многу јасен начин спомна во стратегијата дека местото на земјите од западен Бакан е во ЕУ. Неговата порака е охрабрувачка да  ги забрзате реформските процеси со што ќе го скусите патот до ЕУ, изјави Жбогар.

Посочи дека вратите на ЕУ се отворени, а временската рамка е 2025 година до кога секоја земја може да ја стигне другата во прогресот.

-Останува до земјата, на политичките лидери во Скопје да ги направат вистинските напори, да ги забрзаат активностите, реформските процеси за да вашите граѓани ја искористат понудата на ЕУ, порача Жбогар од Дебар.

Слични содржини