Милиана Ленак на својот Фејсбук профил објави дека Македонски железници повторно ја покачиле цената на билетот за бегалците кои се возат од границата со Грција до границата со Србија:

A migrant woman makes her way with a child as other migrants try to board a train at Gevgelija train station in Macedonia, close to the border with Greece, August 15, 2015. In the past month, an estimated 30,000 refugees have passed through Macedonia, another step in their uncertain search for a better life in western Europe.  REUTERS/Stoyan Nenov
Картата Гевгелија Табановце прво чинеше 350 денари и важеше еден месец.На железничката во Гевгелија не постоеше никаква информација на јазик разбирлив за бегалците ни за редовните возови, а уште помалку за вонредните. Шалтерот беше речиси постојано затворен. Отвараше половина час пред тргањето на возот. Стампедото пред влегувањето во воз, доживуваше генерална проба при купувањето билети. Македонски железници не превзамаа баш никакви мерки на љубезност, кон луѓето благодарение на кои им се случуваше продажба на билети подобра од секогаш.

Бегалците не се жалеа што за нив нема седишта. Не се жалеа ни што нема места за стоење. Немаше дури ни место за да вдишеш. Тие сепак коректно го плаќаа својот билет за кој добиваа возење налик на возењето на евреите кон Аушвиц.

А потоа еден ден картата осамна со покачена цена, и пократок рок на траење. Сега чинеше 600 ден. а важеше само ден и пол. Никој не им гарантираше на бегалците дека во тие ден и пол ќе се качат на воз. Понекогаш воз воопшто немаше. Понекогаш имаше но не и место за нив. А по тие ден и пол, карта мораа да си купат нова.

А од денес возот чини 25 евра. Дали за таа нова цена, Македонски железници ја подобрија својата услуга?Дали е можеби во неа пресметана и некоја насмевка, убав збор, благодарност за подобрениот промет? Или и понатака мигрантите се само оние кои им ги изгнасија возовите?

Слични содржини