Жена умрела од вирус кој и го пренела заразена мачка Прв случај?

од desk3
Синдромот тромбоцитопенија е релативно нова заразна болест, која почнала да се појавува во Кина, Кореја и во Јапонија. Третина од луѓето кои се заразени со оваа болест умираат. Се претпоставува дека жена во Јапонија починала од болеста која ја предизвикале крлежите а и ја пренела мачка со гризнување. Ова се смета прв пренос на оваа болест на човечко битие од друг цицач, јавува ББС.

Јапонското министерство за здравство објави дека жена од 50-тина години и помагала на болната мачка скитничка кога била гризната. Умрела десет дена покасно од силна грозница со синдромот на тромбоцитопенија (СФТС) кои ја пренесуваат крлежи.

 

Со оглед на тоа дека на телото не биле пронајдени трагови од гризнување на крлежи, докторите претпоставуваат дека жената болеста ја добила преку заразената мачка.

-Не е пронајдено дека вирусот го добила од мачка, но постои можност ова да е прв случај – рекол изворот.

 

СФТС е релативно нова заразна болест, која почнала да се појавува во Кина, Кореја и во Јапонија. Процентот на смртноста кај овој вирус е до 30 отсто, а особено е висок кај постарите луѓе. Јапонските медиуми наведуваат  дека во нивната земја овој вирус се појавил во 2013 година.

Јапонското министерство за здравство изјавило дека оваа смрт е уште редок случај, но ги предупреди луѓето да бидат внимателни во контактот со болните животни.

Глобално, гризнувањата на крлежите во поголем случај се поврзуваат со преносливата лајмска болест (borelioze), која може да резултира и со смрт ако не се лечи.

 

Слични содржини