Жена за восхит – прва дама на арапскиот свет

од Vladimir Zorba

Ја сметаат за “сивиот кардинал” на Катар, успешна во се, а западот се поклонува пред нејзината софистицирана доминантност, освојува проникливо и интелигентно. 


Во целиот свет има жени кои навистина заслужуваат восхит. Францускиот сајт Sympa-sympa.com претставува гигант дама која, освен неверојатно убавина, поседува силен дух, голема решителност и импресивна сила на волјата. Тоа е една од трите сопруги на шеикот Мозахбинт Насер ал-Миснед, поранешниот Емир на Катар. Таа има 56 години и веќе стана вистинска легенда. Ја сметаат за “сивиот кардинал” на Катар.

 

Благодарение на нејзиното влијание, еден од нејзините синови Тамим бин Хамад Ал Тани стана емирот на Катар, наместо еден од најголемите деца на нејзиниот сопруг, како што вообичаено наредува традицијата. Нејзиното влијанието на шеикот,  овозможи исто така модернизација на земјата и подобрувањето на односите со западниот свет. Таа поседува сопствена сметка Instagram, каде што објавува различни слики. Љубителите на модата се восхитуваат на нејзиниот оригинален  и авангарден стил. Иако е една од трите жени на емирот, таа долги години сметана за прва дама на земјата и една од највлијателните жени во арапскиот свет, забележува списанието Forbes. Таа исто така е специјален амбасадор на УНЕСКО и помага во развојот на средното и високото образование, кое го  прави достапно за повеќе луѓе. Нејзината проникливост  и интелигенција и помогнаа да зазеде единствено место во Катар и во странство. Има диплома по социологија од катарската универзитет и уште специјализации во различни американски универзитети. Меѓудругото, е одлично информирана за внатрешната и надворешната политика на земјата и може да игра важна улога во овие две области. За разлика од традиционалните жени на арапски лидери, таа патува многу и го придружува нејзиниот сопруг при официјалните посети во странство. Како заменик-претседател на Врховниот совет за образование, таа привлече инвестиции од милијарди долари во Научниот и технолошки парк на Катар, кој изгледа е на пат да се претвори во идната Силиконската долина.

Таа се справува со развојот на образованието и на науката и е на чело на Арапската демократска фондација, која и самата ја основаше. Целта е да развива слободни медиуми и базите на граѓанското општество. Создаде универзитетско гратче во околината на главниот град, каде што предаваат  најдобри професори кои пристигнуваат од САД. Благодарение на нејзиното влијание, Катар почна да организира нови настани од светско значење. Следнато Светско првенство во фудбал ќе се одржи во Катар во 2022 година.

Особено ја интересираат  проблемите на децата. Таа е на чело на Врховниот совет за семејните прашања и создаде фондацијата Education City, која се грижи за образованието на децата. Една од иницијативите и беше создавањето на детскиот телевизиски канал Al Jazeera Children за децата меѓу 7 и 12 години.  Таа е  е многу почитувана како во својата земја, така и во странство. Модна икона која покажува дека елеганцијата може да надмине возраста и времето. Иако роди седум деца, ја задржа природната убавина,  нејзиното тело е совршено, а нејзиниот стил е неспоредлив. Поради сите овие причини се смета за една од највлијателните жени во светот. Со својот стил, таа е совршен пример за добар вкус и илустрира што значи добро однесување во општеството, и  одржувањето на индивидуалноста. Таа не оди против традицијата во својата татковина, туку напротив – го интегрира во совршена модерност. Таа е добар пример за современа деловна дама. Сопруга и мајка, политичар и функционер, таа се справува речиси со с сè. Може денес да работи како специјален амбасадор на УНЕСКО, а утре да држи говор пред Алијансата на цивилизациите во Рио де Жанеиро. Убава, силна и жена достојна за  восхит.

Слични содржини