Жените бараат маж како братот, а не таткото

од Vladimir Zorba

Широко распространето е тврдењето дека жените бараат партнери кои ќе ги потсетуваат на нивниот татко. Според податоците на најновото истражување сепак повеќе станува збор за нивниот брат.

Пред тврдењето да биде скандализирано, треба да се истакне дека доказите се слаби и најверојатно се само уште еден знак за човечкиот нарцизам, бидејќи никој не чини повеќе како нас од брат ни.

Истражувањето објавено онлајн во Evolution and Human Behavior Journal, открива јасни докази за привидна сличност во сликите на лицето на партнерот на жената и на нејзиниот брат.

Според истражувачите оваа констатација може да ја поддржи идејата дека познатото е поатрактивно и дека всушност спротивностите не се привлекуваат толку често колку што би сакале да мислиме.

Во истражувањето учество земаат непознати, кои гледаат слика на братот на одредена жена. Потоа од целиот куп со слики го избираат ликот на мажот, кој според нив најмногу личи на него. Меѓу овие слики се наоѓа и партнерот на жената.

Истражувачите велат дека во 27% од случаите учесниците го посочуваат романтичниот партнер како оној кој најмногу потсетува на братот на конкретната жена.

Специјалисти појаснуваат дека можеме да бидеме привлечени кон некого, кој личи на брат ни, бидејќи ова е потврда дека нашите сопствени карактеристики не се само нормални, но и најпосакувани.

Студија од 2005 година утврди дека кога имаме исти личноста квалитети со партнерот, тоа може да ја зголеми шансата да имаме посреќен живот.

Слични содржини