Жените ги привлекуваат ниски, келави и мускулести мажи

од desk2

Студија на истражувачи од Универзитетот Грифит во Квинсленд покажа дека жените секслуано ги привлекуваат мажи кои изгледаат силно.

По испитувањето на 150 жени, истражувачите врз основа на три работи можеле да заклучат колку мажот е привлечен, колку изгледа физички јак, колку е висок и колку слаб.

Истражувачите на жените им покажувале фотографии на мажи, по што жените врз основа на физичката сила ја оценувале нивната атрактивност. Иако некои од нив преферирале феминизирани лица, речиси сите им дале предност на оние кои се сметале физички појаки и на мажите кои изгледале најсилно.

Освен тоа, 80 отсто од вкупната телесна привлечност ја правела висината. Авторите на студијата заклучиле дека жените бираат мажи врз основа на нивната способност за борба.

Од друга страна, неодамнешна студија која ја направи Match.com покажа дека жените најмногу ги привлекуваат ниски мажи, додека истражувачите од Универзитетот во Пенсилванија открија дека келавите мажи се попривлечни од оние со коса.

Значи, добитна комбинација може да биде ако сте ниски, келави и мускулести.

Слични содржини