Жените ја бојкотираат Иванка Трамп поради татко ѝ

од Vladimir Zorba

Членови на социјалните мрежи во САД најавија бојкот на ќерката на кандидатот за претседател на САД Доналд Трамп – Иванка. Причините се сексистичките изјави на нејзиниот татко, соопштува Daily Mail.3ec7da4fb035521d16d61650e74d0c03

Хаштагот е #GrabYourWallet, а демонстрантите повикуваат да не се купува облека, украси и парфеми од брендот Ivanka Trump.

Жените исто така ги повикаа големите стоковни куќи, кои соработуваат со ќерката на Трамп (Nordstrom, Bloomingdale’s, Macy’s), да се откажат од продажбата на нејзините колекции.

На овој начин претставниците на понежниот пол го изразиле своето незадоволство од позицијата на Иванка, која продолжува да го поддржува својот татко и да учествува во предизборната кампања, и покрајнизата обвинувања кон него во последните недели за сексизам и сексуална злоупотреба.

Претходно овој месец The Washington Post објави снимка, кој содржеше груби и сексистички изјави на Трамп. Политичарот поднесе јавни извинувања.

Неколку жени во исто време го обвинија кандидатот за претседател за сексуална злоупотреба против нив. На 22 октомври кон навредените се вклучи и Салма Хајек, а ден подоцна и порно актерката Џесика Дрејк.

Овој пат, сепак Трамп не се извини. Тој ги нарече обвиненијата предизборна агитација против него и можност на едни жени да добијат “неколку минути слава”

Слични содржини