Голем дел од мажите сметаат дека жените се трагачи по богатство и веруваат во тоа дека тие одбираат за партнери мажи со сјајни автомобили како Порше. Ново истражување сепак ја урна оваа теорија и праксата го докажа спротивното.article-1035432-01D8C9DB00000578-318_468x286

Научниците од Универзитетот во Мичиген спроведоа мал тест во кој 35 хетеросексуални жени би требало да ја оценуваат атрактивноста на двајца мажи.Тие биле ангажирани актери, од кои едниот требало да се прави богаташ, а другиот “обично момче”. Жените им поставувале на двајцата учесници конкретни прашања, а клучно било тоа дали се трошаџии или штедливи.

Резултатот е категоричен – 63% се сакале да излезат со оној кој се идентификувал како повеќе штедлив.

“Кога еден маж е штедлив, претпоставуваме дека генерално има висока самоконтрола. Ова е посакуван квалитет од повеќето жени “, призна Џени Олсон, авторка на истражувањето.

Истражувањето се одвивало и на Фејсбук, каде што многу жени објасниле дека бараат партнер, кон кого ќе имааат доверба, ќе се потпрат и кој нема да ја”џитне целата своја плата за некоја сјајна играчка”.

Друго истражување, направено од Универзитетот во Минесота покажува дека мажите кои поседуваат Порше лесно може да добијат секс за една ноќ, но не и врска. Излегува дека господата кои возат пообични автомобили како Форд и Хонда, се поатрактивни, токму поради тоа што влеваат поголема доверба и сигурност.

Слични содржини