Жените со кои не треба да излегувате никогаш

од Vladimir Zorba

Секој маж сака да ја сретне идеалната жена, а овој концепт, природно, варира меѓу различни луѓе. И иако не секогаш можеме да кажеме што точно ја прави една жена совршена, многу јасно можеме да ги посочиме оние жени со кои не е воопшто препорачливо да излегувате.

Онаа која се доживува како мајка

Несомнено мајчиниот инстинкт е вроден кај секоја жена, но тоа не е нешто што мажите го бараат во својата партнерка.

Оваа жена станува заменик на мајката, кажува што да јадете, која облека да ја облечете и дури кога да одите во тоалет. Секогаш има проблем со ненаместениот кревет или нездиплените фармерки, а тоа дефинитивно може да ви дојде преку глава.

Задушувачка

Тоа е меѓу најдосадните и иритирачки карактеристики. Оваа жена сака да се претвори во ваш сијамски близнак. Таа се лепи, без да ви даде можност да си земете воздух и да останете сами со себе. Ако не сте заедно, пораките од неа не престануваат во текот на целиот ден.

Љубовниот партнер е одлично нешто, но е исклучително досаден кога ќе се претвори во сенка.

Спонзоруша

Ова е класична соблазнителка кој може да каже сешто, но она што вистински ја интересира, се парите. Овие жени секогаш ги сакаат најскапите предмети, подароци, патувања и сè што може да се купи со пари.

Слични содржини