Женско торзо без глава и раце најдено во австриско езеро

од desk2

 

Женски труп без глава и раце најден е во петокот покрај австриско езеро, соопшти полицијата.

„Торзото го најде локален жител и се верува дека било таму последните неколку месеци“, рече портпаролот на полицијата Хелмут Герјнер.

„Кучиња-душкачи и полициски нуркачи во моментот се обидуваат да ги најдат останатите делови од телото“, додава тој.

Ужасното откритие е направено во плиткото езеро Нојсејд, кое се протега на границата меѓу Австрија и Унгарија.

Слични содржини