Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски се заблагодари на жителите на Центар кои излегоа на референдумот и го дадоа својот глас за ГТЦ и најави дека битката продолжува и по овој резултат кој според него е најголем досега во општината.жерно

-Сведоци сме на сценарио кои се повтори-притисоци на јавната администрација, префлање на гласачи од едно на друго место. Над 95 проценти од оние што излегоа на референдум гласаа за зачувување на автентичноста на ГТЦ. Тоа значи дека ниту една власт не смее да го чепне ГТЦ, тоа значи дека Центар го доби најголемиот резултат досега во општина Центар. За мене овој референдум е прв чекор на враќање на власта кон гласачите, а јас како градоначалник се ќе направам ГТЦ да остане како што е, рече Жерновски по завршувањето на референдумот за ГТЦ.

Според Жерновски на референдумот изглегле околу 40 проценти од вкупниот број на гласачи, а 95 проценти од нив се изјасниле деке не го признаваат барокот.

-Педесет проценти е многу во оваа и ваква ситуација, посебно со овој избирачки список каков што е, но и со притисокот од власта да не се оди на гласање што не можам никако да го разберам. Ова беше едно од средствата за зачувување на ГТЦ, ова беше надпартиско гласање сепак и барокот во Центар не може да помине, рече Жерновски.

Слични содржини