Жерновски: Трајановски веднаш да ја повлече незаконската одлука за улица на Кејот

од Vladimir Zorba
 Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, го повика државниот инспекторат веднаш да го преиспита незаконски издаденото одобрение за градба на сервисна улица на Кејот, од страна на Град Скопје.
– Град Скопје и ВМРО-ДПМНЕ вчера повторно се обидоа да ги кршат законите и да ги манипулираат граѓаните, кои мора да ја знаат вистината за улицата која Град Скопје сака да ја прави на кејот на Вардар и чија е одговорноста за оваа незаконска одлука. Во посточекиот ДУП за Мал Ринг, никаде нема предвидено таква улица, туку подземна сервисна улица, како што и јасно се гледа на планот. Град Скопје, под чија ингеренција е Кејот, донесе незаконска одлука да го узурпира шеталиштето и да направи сервисна улица, која според актуелниот ДУП, никаде не постои. Лага е дека тоа ќе биде повторно шеталиште или дека улицата ќе биде само за достава.

Ако е така, рестораните и сега го користат Кејот за достава и затоа нема потреба ништо да се гради. Доколку е потребна сервисна улица за зградата на Телеком, таа мора да биде направена под земја, согласно важечкиот ДУП – се наведува во соопштението на Општина Центар.

Општина Центар досега ја блокираше изградбата на улицата со сите расположливи правни механизми и ќе продолжи тоа да го прави за да се заштити овој дел на кејот на Вардар.

– И како што е практика на ВМРО-ДПМНЕ, ова одобрение, градоначалникот Коце Трајановски го потпишал на 31-ви декември, во ден сабота. Градоначалникот Коце Трајановски и неговата партија мора да разберат дека од пролетта 2013-та година, општина Центар престана да биде полигон за незаконски и криминални активности – наведуваат од Општината.

Инспекциските служби на Општина Центар ќе направат увид во постоечката документација и ќе го информираат државниот инспекторат, за тој да се произнесе за оваа незаконска градба.

Слични содржини