Жител на Куманово паднал и починал откако се лизнал на мразот

од Vladimir Zorba

Нерасчистените улици и тротоари во денеска во Kуманово  ја зедоа првата жртва.  74-годишниот Сефедин Ибрахими се лизнал на мразот, паднал и загинал на лице место. неговото безживотно тело час и половина лежело на мразот, додека полицијата вршела истрага. На местото на настанот пристигнала и медицинска екипа, која само ја констатирала неговата смрт. Од општината денеска не сакаа да го коментираат загинувањето на Сефедин. Ќе ја чекале истрагата. во писмено соопштение од локалната власт тврдат дека ги преземале сите мерки за чистење на улиците за кои имале надлежности.

Слични содржини