ЖРК Вардар без Алтхаус на дуелот со ФТЦ

од desk3

На денешниот натпревар од 5. коло од Б групата во Лигата на шампионките меѓу ФТЦ и Вардар, во составот на „црвено-црните” ќе ја нема Ања Алтхаус, но се враќа Барбара Лазовиќ.

download

Десниот бек Барбара Лазовиќ имаше повреда на капакот на десното око, заработи и неколку конци, но сега е подготвена за играње.
Ања Алтхаус има болки во грбот, па на овој натпревар нема да настапи.

И ФТЦ и Вардар се веќе пласирани во следната фаза од лигата на шампионите, но дуелот е важен, бидејќи од меѓусебните натпревари се пренесуваат освоените бодови. На првиот меч во Скопје беше нерешено, 27:27.

Во следната фаза патуваат најдобрите три екипи од групата, кои потоа вкрстуваа со трите најдобри екипи од група А. Таму сигурно патници се Будуќност и Мец.

Натпреварот меѓу ФТЦ и Вардар се игра денеска од 15 часот./МИА

Слични содржини