Женскиот ракометен македонски првак Вардар несреќно загуби вечерва на гостувањето во Угарија кај Ѓер со гол примен со звукот на сирената. До конечната победа од 28:27 во дуелот од 5.коло од Лигата на шампионите, Ѓер дојде со подобра игра во второто полувреме, откако првото им припадна на вардарки со 17:14.rakometna-topka-mreza

Како клучна се покажа серијата од 7:1 што унгарскиот шампион ја направи во првите 11 минути од второто полувреме. Некаде на средината на вториот дел домашниот тим имаше четири голови разлика, но „црвено-црните“ успеаја резултатски да се вратат, а во последната минута и да изедначат.На 12 секунди пред крајот беше исклучена Андреа Пенезиќ, а предноста од ракометарка повеќе ја валоризира Хајди Локе со голот во последните моменти од натпреварот.

Кај Вардар три ракометарки имаа по четири гола, Сираба Дембеле, Татјана Хмирова и Јованка РадичевиќАнита Горбиц со осум голови беше најефикаснаво победничкиот состав, Локе реализира пет пати.Вардар во следната фаза ќе пренес четири бодови, а во оваа фаза останува да го одигра уште меч против Хипо во Скопје кога ќе биде апсолутен фаворит. Ѓер со евентуална победа во последното коло против Митјиланд во следната групна фаза ќе пренесе шест бодови.

На табелата во Ц-групата Ѓер води со осум бодови, два повеќе од Вардар и Митјиланд, Хипо е без бодови./MIA

Слични содржини