ЖРК Вардар убедлив против ФТЦ

од Vladimir Zorba

 

Убедлива победа со 13 голови разлика (37:24) остварија ракометарките на Вардар попладнево на гостувањето во Унгарија кај ФТЦ. Со оваа победа „црвено-црните“ се зацврстија на првото место во групата Б од Лигата на шампионите.download

Од самиот почеток македонскиот првак ја презема иницијативата и постојано го зголемуваше водство кое пред крајот на првото полувреме достигна двоцифрени плус 10 и веќе во тој момент беше јасно кој ќе ги освои бодовите.

Најефикасни во победничкиот состав беа Андреа Лекиќ со седуm, Тамара Мавсар и Јованка Радичевиќ со по шест и Андреа Пенезиќ и Александра Лакрабер со по четири погодоци.

Табела по 5.коло во ЛШ група Б:

1.Вардар 9 бода,
2.ФТЦ 7,
Астраханочка 2,
4.Лајпциг 2.

Во последната рунда од првата групна фаза Вардар гостува во Германија кај Лајпциг./MIA

Слични содржини