Терорист самоубиец се разнесе во шиитска џамија во источниот дел на Саудиска Арабија за време на петочната молитва, пренесоа агенциите. Има загинати и повредени.

61183354

Според очевидец, најмалку 30 се повредени во експлозијата во храмот “Имам Али”. Во моментот на нападот внатре се молеле над 150 лица.

Официјалната саудиска новинска агенција ја потврди информацијата за експлозијата, но не соопшти повеќе детали.

На социјалните мрежи беа објавени фотографии на кои се гледаат како окрвавени луѓе ги вадат на носилки.

Саудиска Арабија е најмоќната сунитска држава. Таа во моментов ги бомбардира шиитските бунтовници хуси во Јемен.

Слични содржини