Зибери: Пратениците моментално се приведени, не се притворени

од desk4

Правникот Насер Зибери ја објаснува процедурата за изрекување на мерка притвор на пратеник во Собранието односно одземање на имунитетот.

Пратениците моментално се приведени, не се притворени. Претпоставувам дека истражниот судија кој ги испрашува пратениците, ако оцени дека треба да им се одреди мерка притвор, тогаш треба да му се обрати на Собранието со барање да им се одземе имунитетот на пратениците за нив да може да им се изрекува мерката притвор. Во овој случај, бидејќи обвинителот не знае и не може да претпостави дали на пратеникот ќе му биде изречен притвор или не, само го привел и го изнел пред истражен судија, односно судија по претходна постапка, а судијата одлучува дали ќе му биде изречен притвор или не. Обвинителот не побарал мерка да му се одземе имунитетот, бидејќи на тоа има право судија во претходна постапка, а не обвинителот. Евентуално прекршување на процедурите би имало во случај судија во претходна постапка му изрекува мерка притвор без да бара мислење од Собранието, односно да поднесе барање за одземање на имунитетот на пратеникот за кој се води постапка.“ – изјави Насер Зибери

Слични содржини