Зидан го откри проблемот кој ги нервира неговите фудбалери

од desk2

Реал Мадрид не успеа да го победи Тотенхем на домашен терен и бодовно да се издвои на првото место во својата група, но со одиграното реми на „Сантијаго Бернабеу“, сега и двата тима се со една нога во осминафиналето во Лигата на шампионите со оглед на тоа што Борусија и АПОЕЛ имаат само по еден бод.


Тотенхем на крајот успеа да одолее на пеколното гостување во Мадрид и успеа да ги неутрализира налетите на Реал со добра организација, а иако Зидан по мечот призна дека гостите од Англија заслужиле да освојат бод, истовремено го посочи проблемот кој веќе почнува да ги нервира неговите фудбалери.

Зизу е свесен дека неговите играчи создаваат многу шанси за гол, но неефикасноста е нешто што полека внесува и фрустрација која ги прави фудбалерите уште понервозни во противничкиот шеснаесетник.

– Она што ние секогаш го бараме на теренот се шансите за гол. Неефикасноста е она што не фрустрира и што ги нервира моите играчи. Голот е крајната награда за тоа што сте го направиле како тим, а бидејќи фудбалерите дадоа се да постигнат гол повеќе, фрустрацијата сега е поголема. Но, тоа е фудбалот, во недела ќе имаме шанса да го поправиме тоа, а на реваншот на „Вембли“ ќе се обидеме да ги вратиме бодовите кои ги загубивме денес, – истакнал Зизу по средбата која заврши 1:1.

Слични содржини