“Многу сум среќен, бидејќи мојот живот одамна е поврзан со овој голем клуб Реал Мадрид”, изјави тренерот на “белите” Зинедин Зидан. Французинот го  изведе Реал до 11-и триумф во Европа во својата  деби сезона како тренер. “Природно не ни беше лесно, но тоа е нормално. Требаше да се справиме и со многу сериозен психолошки притисок.

4848963 (1)

На крајот на краиштата  ја исполнивме својата задача. Кога добиваш нешто слично на Лигата на шампионите, тоа има огромно значење за играчите и тренерскиот штаб. Сонував за тоа. Кога претседателот ми даде таква  шанса со овој тим со играчи од таков калибар, со такви талентирани фудбалери, јас навистина добив можност да постигнам нешто сериозно. Го направивме ! Бев со Реал прво како играч, а потоа како асистент и сега како тренер. навистина сум горд што се наоѓам во ова прекрасно семејство. Двата тима  го измина целиот пат до крајот – до серијата пенали. Таму го освоивме, но се  сосема лесно можеше да се развие  и обратен начин.  Го поздравувам Атлетико и Симеон. Тој е голем тренер и јас, се разбира, многу сум радосен од успехот. Кристијано не беше повреден. Тој беше со нас и ни донесе победа. со него се беше во ред, се бореше и трчапе  многу, направи многу корисни работи. Роналдо секогаш им помага на своите партнери “, изјави Зидан.

Слични содржини