Зјае празна барокната зграда што почна да ја гради Јанакиески, Сугарески не може да се всели поради Уставен суд

од desk4

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и администрацијата на Министерството се уште не можат да се вселат во новата зграда на плоштадот Филип II, која почна да ја гради неговиот претходник, Миле Јанакиески. Зградата се уште  нема одобрение за употреба и технички прием.

Вселувањето, вели министерот, ќе зависи од одлуката на Уставниот суд.

– Урбанистичките планови беа поништени од страна на општина Центар. Очекуваме како ќе се изјасни Уставниот суд по преставките што се поднесени за да може да се издаде одобрение за употреба на зградата и да се изврши технички прием. Не можам да кажам како ќе постапи Уставниот суд и во која временска рамка, рече Сугарески одговорајќи на прашање по работниот состанок со диекторот на МЕР Благојче Котески.

Реконструкцијата во барок и надградбата на овој објект чинеше над 5 милиони евра. На фасадата од северозападната страна се поставени околу 10 скулптури на кота од 12 метри по должина на објектот.

Слични содржини