Златан Ибрахимовиќ нема да игра против “Зарја” во Лига Европа

од desk3

Ѕвездата на “Манчестер јунајтед” Златан Ибрахимовиќ добил изненадувачки одмор од менаџерот Жозе Мурињо.

Швеѓанецот е во Италија и по се изгледа дека нема да игра во натпреварот против “Зарја” (Луганск) од Лига Европа.

zx450y250_2834272

Мурињо го пуштил Ибрахимовиќ на краток одмор во текот на неделата. Напаѓачот треба да се врати во петок кон тренинг процесот на “црвените ѓаволи”.

Одлуката на португалскиот стручњак е малку изненадувачка, бидејќи неговиот тим веќе допушти загуба на почетокот на турнирот и се очекуваше да излезе со најдобарите против непретенциозен тим, за да ги израдува своите навивачи на “Олд Трафорд”.

Уште во понеделникот Швеѓанецот пристигна во Италија и беше фатен од папараците како вечера во ресторан со Кларенс Сидорф.

Слични содржини