Авторскиот документарен филм на Драган Антоновски „ Медиуми, газди,новинари и работнички права “  ја доби специјалната награда за придонес кон слободата  на медиумите на јубилејниот  20 Интернационален фестивал  „Интерфер“ кој се оддржува во Апатин и Сомбор во Србија.

IMG_5614

На вчерашното отворање на фестивалот „Златната Ника“ наградата  на фестивалот на авторот Драган Антоновски му ја додели градоначалникот на Сомбор Саша Тодоровиќ.

IMG_5617Тој истакна дека се гордеат со секој нов  лаурет  на фестивалот и се среќни што  вистинските автори  сè уште работат  по новинарските стандарди во име на вистината, бидејќи  од ова што денес се гледа и чита по медиумите  и не може да се дознае вистински што  ни се случува во реалноста.

IMG_5619

Наградениот Драган Антоновски рече дека од една страна го радува тоа што ја освојува оваа награда за придонес кон слободата на медиумите, што поминала  неговата  приказна, но од друга страна му е жал што состојбите во медиумите се исти и тука во Србија и во целиот регион, како и во Македонија.

– Атакот од политичките елити, притисоците стануваат константа и поради тоа е потребно здружување на новинарите и медиумските работници за одбрана  на достоинството на новинарската професија .

На оваа јубилејно 20 издание на„ Интерфер“, пристигнаа досега најголем број на новинарски трудови од целиот регион. Тука се  репортажите на  RTS, B92, N1, VOA, ПРВА ТВ ,Политика, Blic,  и други ТВ куќи и агенции  од Хрватска , Словачка, Индија, Таџикистан и од целиот регион.

IMG_5646

Директорот на фестивалот, Тања Попов од филмската академија од Белград, вели дека на  интернационалниот фестивал оваа година  имало рекорден број новинарски трудови од кои во официјалната селекција влегоа само 56.  Селекцијата предвидува неколку категории,  ТВ репортажи, фото, радиски  и принт репортажи и  општествено одговорни  истражувачки репортажи.

– Многу работа за жирито, но не го зголемивме бројот на наградите , тоа остана стандардно. Првата награда е златната статуетка на божицата Ника, и  плакета и повелба како втора и трета награда, за секоја категорија посебно.   Драго ни е што овојпат нашата специјална награда  е  за долгодишниот новинар Драган Антоновски од Македонија

IMG_5678

На наградениот документарец   камерата е на Александар Трајковски, монтажа на Никола Славковски  и  пост продукција на „Порта ФМ“.

„Медиуми, газди, новинари и работнички права“ е  документарен филм изработен како проект на ССНМ поддржан од „Мрежа 23“ , чија содржина  говори  за состојбите во македонските медиуми, злоупотребата на работничките права, отпуштања од газдите на медиумите и борбата на Синдикатот за правата  и слободите на новинарите и медиуските работници.

IMG_5562

Денеска на „Интерфер“, ќе бидат доделени и преостанатите награди по категории, а  паралелно со прогласување на наградените  се организираат и низа  активности, дебати, изложби на фотографии и  презентација на наградените  трудови.

 

 

Слични содржини