“Златната копачка” застана меѓу Роналдо и Зидан

од Vladimir Zorba

Големата ѕвезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо е бесен на својот тренер Зинедин Зидан. Причината? Промената на напаѓачот при тешкиот успех над Атлетик Билбао во текот на викендот.

Францускиот тренер одлучи да го извади Португалецот од игра во 79-тата минута, а весникот “Мундо Депортиво” тврди дека голгетерот воопшто не бил среќен од оваа одлука. Роналдо смета дека на тој начин Зидан ги влошува значително неговите шанси да триумфира за наградата “Златна копачка”, која се доделува на најдобриот голгетер во Европа.

Против Атлетик головите за Реал беа дело на Карим Бензема и Каземиро, а по натпреварот Роналдо не бил воопшто добро расположение. “Мундо Депортиво” тврди дека тој е очајно решен да освои дуел со ѕвездата на Барселона Лионел Меси. Во моментот Аргентинецот води со своите 23 погодоци во Примера, како има 4 гола повеќе од Кристијано.

Слични содржини