Ова е практика на некои земји-членки да им дадат државјанство на луѓе кои за возврат прават големи инвестиции во истите земји. На овој начин, Кипар добива 4 милијарди евра од 2013 година.

 

“Златната виза” го задолжува имателот да инвестира најмалку 2 милиони евра во имот или 2,5 милиони евра во компании и државни обврзници на соодветната земја.   400 вакви пасоши беа издадена само минатата година, кои им дозволуваат на сопствениците да патуваат и слободно да живеат во Европската унија.

Проблемот е што имињата на овие луѓе не се јавни, а некои од нив може да бидат многу контроверзни.  Листата  содржи имињата на поранешен руски пратеник, основачите на најголемата комерцијална банка на Украина и нивен сонародник, кој е милијардер.