„Злетово“ треба да почне со работа

од Vladimir Zorba
На денот на рударите, рудникот за олово и цинк „Злетово“ – Пробиштип од денеска треба повторно да  почне со работа, информира 24Вести.
Производството  во рудникот треба да го обнови новиот концесионер, бугарската компанија „Минстрој“, која согласно договорот со македонската Влада  треба да го рестартира и рудникот „Тораница“  – Крива Паланка.
За рестартирањето на рудниците, „Минстрој“ во Македонија ја основаше фирмата „Булмак 2016“.
На потпишувањето на договорот во април годинава раководството најави дека ќе ги рестартира рудниците, ќе ги задржи на работа 1.000-те вработени  и оти ќе ги исплати заостанатите плати.

Слични содржини