Значи за тоа служи ова копче на тастатурата!

од Vladimir Zorba

А, пак, јас никогаш не го користам – добро дека пријател ми ги отвори очите!

 1475904447-1

Малку луѓе знаат за што служи ова копче Win на тастатурата. Но, неговата употреба може значително да ви ја олесни секојдневната работа на компјутер. Во комбинација со други копчиња Win прави чуда! Обележете ги овие комбинации и ќе се придвижите кон следното ниво на користење на компјутер …

Win-копчето од тастатурата

корисни функции
1. Win
го повикува менито “Start”.
2. Win + B
комбинацијата овозможува да ја изберете саканата икона во системската табла. Исто така ви овозможува да се префрлате помеѓу различни икони со стрелките на тастатурата.
3. Win + D
Директен пат кон десктопот (Desktop).
4. Win + E
отвора Windows Explorer.
5. Win + F
Оваа комбинација овозможува да го отворите менито “Барај” без помош на компјутерски глушец.
6. Win + L
Оваа комбинација  го заклучува компјутерот.
7. Win + M
Ако сакате да ги затворите сите прозорци, искористете ја оваа комбинација.
8. Win + P
Ви овозможува да го префрлате режимот на работа на дополнителен монитор или проектор.
9. Win + R
го отвора дијалогот “Run”.
10. Win + T
активира “Taskbar”.
11. Win + U
отвора “Центар за полесен пристап.”
12. Win + X
Во Windows 7, оваа комбинација го отвора центарот за мобилни апликации. Во Windows 8 – менито “Start”.
13. Win + Pause
отвора “Системски својства”.
14. Win + F1
Оваа комбинација се отвора “помошен центар” во Windows.
15. Win + Ctrl + 1 + 2 + 3
Обезбедува префрлување помеѓу различни прозорци на истата програма.
16. Win + стрелка нагоре
Комбинацијата од овие копчиња ви овозможува да го проширите прозорецот на цел екран.
Го обновува и минимизира прозорецот.
17. Win + десна или лева стрелка
го лоцира прозорецот десно или лево на екранот.
18. Win + Shift + лева или десна стрелка
Ќе го извади прозорецот на друг монитор.
19. Win + Space
Во Windows 7 оваа комбинација овозможува да се движи кон “Desktop”. Во Windows 8 – да се префрлате помеѓу различните јазици на тастатурата.
20. Win + Key +
Оваа клучна комбинација го зумира на екранот.
21. Копче Win + –
Ви овозможува да одзумирате.

Слични содржини