Знаете ли дека статуетката “Оскар” тежи приближно 3,8 килограми и е со димензии од околу 34 сантиметри, а исто така е покриена со 24-каратно злато? Утро пред уште една гламурозна церемонија на врачување на 88-тите награди на Американската филмска академија,  во полето “Знаете ли дека?” споделуваме некои интересни факти за “Оскарите”.5723f4c67391225aca38da693b8c55ee

Во последните 14 години Dolby Theater во Лос Анџелес е домаќин на наградите на Академијата, а салата е со капацитет 3400 лица. За да стигнат до неа, сите овие гости ќе треба да поминат по црвениот тепих.

Легендарниот пејач Боб Хоуп го држи рекордот за домаќин на наградите на Академијата. Тој беше водител цели 19 пати во периодот меѓу 1940 и 1978 година.

Волт Дизни освоил повеќе Оскари од кој било друг. Тој беше номиниран 64 пати и ја има освојувано статуетката 26 пати.5584ed91960d7dd8e1ebfd9c6f52742e

Првите награди на Академијата беа претставени во 1929 година на приватна вечера за околу 270 лица. За прв пат церемонијата е емитувана на телевизија во 1953 година. Денес таа се гледа во повеќе од 200 земји.

Питер Финч и Хит Леџер се единствените актери кои добиваат “Оскар” постхумно.

Мерил Стрип била номинирана цели 19 пати. Актерката е носител на “Оскар” три пати.

Кетрин Хепберн освои рекордни четири награди “Оскар” – сите за најдобра актерка.

Џек Николсон е со најмногу номинации за “Оскар” меѓу мажите актери – цели 12.1a98d0e80cc1a3b9faefea13a1db01c9

Најмладиот носител на награда “Оскар” е Тејтум О’Нил. Тоа е на само 10-годишна возраст, кога ја освојува златната статуетка за најдобра споредна актерка во филмот “Paper Moon” (1973).

На 82-годишна возраст, Кристофер Пламер стана најстариот носител на наградата “Оскар”. Наградата му беше доделена за најдобра споредна улога во “Beginners” (2010).

Откако освои “Оскар” за најдобра актерка за својата игра во “Кабаре” (1972), Лајза Минели станува (и сè уште е) единствената носителка, чии двајца родители исто така освоиле “Оскар”. Нејзината мајка, Џуди Гарланд, ја добива почесната награда во 1939 година, а нејзиниот татко, Винсент Минели, освојува статуетка за најдобар режисер на лентата “Џиџи” (1958).

Знаете ли дека… папагалот може да ве надживее?

“Ben-Hur” (1959), “Titanic” (1997), и “The Lord of the Rings: The Return of the King” (2003) се најуспешните филмови во историјата на “Оскар”, а секој од нив освоил по 11 златни статуетки.

Легендарниот Алфред Хичкок е номиниран пет пати за најдобар режисер, но никогаш не успева да добие “Оскар”.

Од 1929 година наваму биле поделени 2947 статуетки.

Поради недостиг на метал за време на Втората светска војна, статуетки биле правени од гипс, кој потоа бил сликан.

Слични содржини