Тие се меки, мази, а ние им се потчинуваме безусловно. Мачките! Предат за да ни помагаат да го заборавиме напорниот ден, ни носат радост и со нив можеме да ги споделиме сите свои тајни.

Денес во рубриката “Знаете ли дека …?” Споделуваме неколку инетерсни факти за нив.9403e96d36323195250d33797db9443a

Секоја година речиси четири милиони мачки се конзумираат во Азија.

Општо земено, мачките поминуваат 2/3 од денот во сон. Тоа значи дека една деветгодишна мачка била будна само три години од своето постоење.

Мачките испуштаат околу 100 различни звука додека кучињата само околу 10.

Мозокот на мачката е биолошки поблизок до човечкиот мозок. И луѓето и мачките имаат идентични места во мозокот кои се одговорни за емоциите.

Се смета дека античките Египјани се првите кои успеале да ги скротат мачките.

За време на шпанската инквизиција, папата Инокентиј VIII ги осудил мачките како зли суштества. Како резултат на тоа илјадници од нив биле изгорени. Не долго после популацијата од стаорци се зголемила, но со тоа и ширење на зарази и болести.

Првата мачка која полетала во вселената е Felicette и е од Франција. Ова се случува во 1963 година и таа успева да се врати жива и здрава на Земјата.

Во 1888 година, повеќе од 300 000 мумифицирани мачки биле откриени во египетски гробишта.

Повеќето мачки раѓаат меѓу едно и девет мачиња, но е познат случај во кој мачка дала живот на 19 мачиња, од кои 15 се преживеани.63be4fe26d5e9a995c7cc5dd7ed08918

Најраниот претходник на модерната мачка живеел пред околу 30 милиони години. Научниците ја нарекуваат Proailurus.

Најголемата дива мачка денес е сибирски тигар.

Додека во многу делови на Европа и Северна Америка се смета дека црната мачка носи несреќа, во Велика Британија и Австралија, за црните мачки се смета дека носат среќа.

Првото комерцијално клонирање домашно милениче е мачката на име Little Nicky. Таа го чинела неговиот сопственик 50 000 долари, што ја прави една од најскапите мачки. Таа е клон на веќе почината мачка, која била милениче.

Грбот на мачката е екстремно флексибилен, бидејќи има до 53 пршлени. Луѓето имаат само 34.

Приближно 1/3 од сопствениците на мачки мислат дека нивните домашни мачки можат да ги прочитаат нивните мисли.

Во Јапонија се смета дека по смртта мачките можат да се претворат во супер духови.

Слични содржини