Знаете ли што значат ознаките BB, CC, DD, EE или PP на кремовите?

од Vladimir Zorba

BB па и CC последните години станаа вистински хит. Но знаете ли што тие кратенки на нив навистина значат. Откриваат повеќе отколку што знаеме и помагаат да ја одбереме најдобрата.

ББ кремот е скратено за балзам за убавина (beauty balm) Кремовите со оваа кратенка ја влажнат кожата на лицето и ја намалуваат иритацијата, но не можат да ја регулираат мрснотијата на лицето.

BB кремот одговара на сите типови на кожа.

CC кремот е скратено име за контрола на бојата (color control)и овој вид на крем е осмислен за да ги неутрализира иритираните делови на лицето и да го ублажи црвенилото. Содржи благотворни состојки благодарение на кои кожата изгледа свежа и има мазна текстура. Не се препорачува на лицата кои имаат мрсна или проблематична кожа.

DD кремот е скратено име за дневна одбрана (dayly defence), a намената на овој крем е да ја штити кожата од секојдневни лоши влијанија. Многу е добaр за заштитата на лицето од сонцето , но стручњаците не препорачуваат константно користење на DD кремот бидејќи може да ги затвори порите на лицето.Најдобар е за постара кожа.

EE кремот е скратено име за дополнителен пилинг (extra exfoliation) . EE кремот ја обновува кожата отстранувајќи ги мртвите клетки од лицето и го штити од сонце пружајќи му дополнителна влажност.

Некои од овие кремови имаат комбинирани елементи за заштита од UV зрачењето и заштита од појава на акни. EE кремовите не би требало често да се користат , а не се наменети на лицата со тенка и осетлива кожа.

PP кремот е скратено име за соврќено розево(perfect pink), а се користи како база за шминкање. Содржи честички од силикон кои ги пополнуваат нерамнините на лицето и даваат мазен и урамнотежен изглед. Наменети се за сите типови на кожа, но се советува да се користат заедно со другите производи за нега на лицето. Помеѓу PP кремот и шминката добро е да се користи и тониран крем.

С.В.

Слични содржини