Знаци дека тој уште има чувства кон бившата

од Vladimir Zorba

Ако се сомневате дека партнерот се уште има чувства кон неговата поранешна девојка, сомнежите може и да не се неосновани. Знаците, како по грешка да ви го помеша името со нејзиното, е меѓу најочигледните, но има и некои други сигнали кои можат да ни помогнат да увидиме дека дечко ни не ја надминал поранешната.

Често зборува за неа

Не можеме да очекуваме името да не ѝ се појавува воопшто, но ако тоа се случува постојано, најверојатно однесувањето е диктирано од чувствата, кои тој се уште ги има кон неа. Можно е причината да е чувство на вина од негова страна. Во овој случај е подобро да поразговараме со него, бидејќи е важно тој да расчисти сам со себе дали е подготвен за нова врска.

Неизбежни се реакциите кон нејзините постови во социјалните мрежи

Најдобро би било мажите да престанат да ги следат поранешните на социјалните мрежи, особено ако предизвикувачките слики кои ги објавуваат, сеуште имаат свое влијание. Тоа, сепак, не сите мажи сакаат да го направат, бидејќи во некои случаи слични активности водат до драма што ги влошува односите, особено ако веќе поранешната двојка има и заеднички пријателски круг.

Тој постојано употребува навредливи реплики на нејзина адреса

Сосема разбирливо е ако тој е раздразлив, но ако редовно претерува со навредите, тоа е показател дека е повреден и се уште има чувства.

Продолжува да има блиски односи со нејзиното семејство

Обично, кога ќе се разделиме со некого, престануваме да се гледаме и со неговото семејство. Ако сепак партнерот сè уште има односи со блиските на неговата поранешна, иако воопшто не зборува со неа, тоа е карактеристичен знак дека не ги надминал чувствата кон неа.

Слични содржини