Со автобуси и со такси-возила се одвива транспортот на мигрантите од Гевгелија до Табановце поради штрајкот на машиновозачите од „Македонски железници“.

11903376_1487482544900185_1505703720_n

Како што информираат од Железничка станица во Гевгелија, вчера од кампот кон Табановце заминале четири специјални возови со околу 2.000 мигранти, а другиот дел од околу 4.000 мигранти биле превезени со автобуси и со такси-возила.

Според процените, и во текот на денешниот ден се очекува низ земјава да транзитираат од 5.000 до 6.000 мигранти.

Од почетокот на месецот до денеска Црвениот крст соопшти дека дистрибуирал 4.000 шишиња вода, 500 пакети со храна, 100 хигиенски пакети, 50 пакети за бебиња и 300 ќебиња. Во овој период извршиле и 2.000 медицински интервенции.

 

МЕТА

Слични содржини