Зошто богатите исто плачат?

од desk3

Откако повеќе од 30 години била водителка, 65-годишната Сенди Стил заработува многу пари неочекувано, раскажува БиБиСи.

Таа е на 53-години кога го патентира измислено од неа gadget за брзо наоѓање на клучевите во чанта. Истата година Сенди плаќа во готово купува скапа кола, вработува неколку луѓе да работат за неа и заработува 4 милиони долари од продажба на “трагачот на клучеви”.

pari-256696-500x334

Сето тоа изгледа како бајка. Но на изненадување на збогатената изумителка, целиот нејзин успех доведува до осаменост дома.

Таа се разведува – предходно сопругот ги носел парите дома и многу го погодува ненадејниот успех на својата жена. Некои од пријателите исто така се повлекуваат.
“Луѓето завидуваат и зборуваат и прават грди работи”, вели Сенди.

Речиси сите сонуваат да станат богати, но и оние кои успеале да го доживеат својот сон, тврдат дека однадвор работите изгледаат многу розови.

Како што забележува д-р Стивен Голдбарт – соосновач на фирма која работи со богати клиенти ” некои психолошки последици од богатењето може да се многу болни”.
Лесно е да почнеш да страдаш од “синдромот на ненадејна збогатување” и да влезеш во криза на идентитетот истовремено треба да ја голташ осаменоста и огорченоста, истакнува лекарот.

Збогатените не се подготвени да се справат со ненадејна промена во однесувањето на луѓето околу нив.

Можноста да трошат по своја волја, ги тера среќниците кои можат да си го дозволат, да фрлаат пари или да заборават на претходните свои активности и интереси, што пак крева бариера во комуникацијата со пријателите и колегите, истакнува специјалистот за финансиска терапија Меган Форд.

Најтешко за неодамна богатите се самоконтролата и усогласеноста со однесувањето на роднините и пријателите.

Збогатените луѓе треба да внимаваат за “навлекувачи” и “барачи на злато”, а и да се балансираат во односите со околината, кои биле под силно влијание од “роговите на богатството”.

Понекогаш е невозможно да разбереш кој е искрен и кој се труди “да те искористи”. Затоа богатите исто плачат.

Слични содржини