Бегалци спијат блиску до местото за регистрирање во кампот Гевгелија во очекување да продолжат патот кон Европа.

4519097

Над две илјади економски мигранти ја  блокираа железничката линија на границата меѓу Република Македонија и Грција. Ова се случи откако не добија дозвола да преминат на македонска територија . Мигрантите лежат врз шините на меѓународната железничка линија. Нивната бројка постојано се зголемува, бидејќи грчките власти дозволуваат на сите пристигнати по нејзините острови да го продолжат патот до Македонија. Најмногу економски мигранти има од Бангладеш, Иран, Сомалија, Шри Ланка, Мароко, Конго, Либан и други држави каде што нема воени дејствија, пишуваат повеќе медиуми.

Официјално се  прифаќаат само граѓаните од Сирија, Ирак и Авганистан. Оваа мерка беше воведена откако тоа го направија Хрватска и Србија. Во приемениот камп во  Гевгелија – недалеку од грчката граница, вчера имаше 500 луѓе кои чекаа да го продолжат патот за Србија. А во кампот во Табановце, недалеку од српската граница имаше 280 лица, соопшти македонското Министерство за внатрешни работи.

Со  посетата во Скопје на претседателот на Советот на Европа Донолд Туск и дилемата дали тој доаѓа во Македонија за да помогне или да побара нови кампови за мигрантите на територијата на земјата. Имаше информации во јавноста дека се бараат повеќе локации од МАкедонија за сместување на бегалците, и тоа непосредно до градовите да можеле тие да се интегрираат во средината со локалното население.Се спомнуваше како една од 5 те локации и бараките на полигонот на Криволак.

Туск овие денови изненадувачки ќе ги  посети  Албанија, Србија и Македонија!?   Македонјапретходно објавија дека можат да прифатат не повеќе од 2000 луѓе., дали ова ќе биде нов притисок и убедување , очекува да се види по посетата која деновиве наголемо се подготвува./ ГА

Слични содржини