Монд Дипломатик – Париз

Уште пред да се случи голем домино ефект: кандидат од екстремната десница не успеа да стане претседател на Австрија за само 30,000 гласови. Еден ден пред тие избори, претседателот на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер предупреди: „Нема шанса за дебата или дијалог со екстремно десните“.

download (1)

Но, што може да биде подобар подарок за екстремната десница, која не може да издржи да биде надвор од системот, отколку таков вид одбивност од поранешниот министер од даночната оаза Луксембург, кој стана претседател на ЕК преку „нати го-дајми го“ договор меѓу десницата и социјалистите? Во Австрија, десницата и социјалистите владееја заедно 39 од вкупно 69 години и беа збришани уште во првиот круг од претседателските избори.

Јункер, кој има мислење за се, исто така се изјасни и во врска со предложениот закон Ел Комри (како дополнување на француските закони за труд, само во неолиберална верзија) кои повеќето Французи ги мразат. „Реформите во законите за труд кои беа желба и ги наметна владата на Валс, се минимумот кој треба да биде направен“. Минимумот во споредба со „реформите како оние кои и беа наметнати на Грција“.

Правилата на ЕУ ефективно натрупуваат купишта препораки, правила и прочистувања („реформи“). За тие ригорозно да бидат имплементирани, не мора да ги разбирате.

Претседателот на Еврогрупата, Јерон Дијселблум, неодамна призна дека не го разбира баш точно значењетоп на структурниот дефицит, кој ниту една држава не смее да го надмине. – Како индикатор, тешко е да се предвиди, тешко да се спроведе и уште потешко да се објасни. Една од фрустрациите кај мене е дека тоа оди горе-долу, без точно да знам зошто, изјави тој.

Сите напади во последните месеци во Турција земаа околу 240 жртви и многу ранети

Сепак, европските институции ја казнија Грција заради таквите извртени статистики. Тие и наметнаа гласање за буџет кој има 7,000 страници, плус со трикратни покачувања на ДДВ-то, па со намалување на цената при приатизацијата на аеродромите, па со покачување на возраста за пензионирање на 67 години, преку повизоки цени за здравственото осигурување и со крај на протекционизмот за сопствениците на мали имоти кои не можат да си ги сервисираат своите долгови. Грција штотуку за возврат доби кредит воглавно со цел за да го врати својот надворешен долг. ММФ оцени дека долгот е „неодржлив“, но Германија одбива да дозволи тој да биде намален.

Сепак, Германија и ЕК знаат како да ја покажат својата поопуштена страна, и не само кон Велика Британија на Камерон (во контекст на Брегзит, Легзит или Останување? и сменетиот политички пејсаж во Велика Британија).

Ниту една санкција не и беше воведена на Шпанија, која има буџетски дефицит кој далеку го надминува лимитот ставен под тие европски договорени правила. Ниту Германија, ниту пак ЕУ сака да и прават проблеми на Владата на Маријано Рахој, која му припаѓа на истото политичко семејство како и Жан-Клод Јункер и Ангела Меркел, пред парламентарните избори во Шпанија на 26 јуни.

Наметнувањето на сурови жртвувања на цела една држава во име на правилата кои не ги разбирате и да заборавите на истите тие правила кога некој ваш политички партнер ќе ги прекрши, создава клима на неморалност и цинизам, во која предноста ја добива и ја користи екстремната десница./МИА

Слични содржини