Зошто iPhone X сеуште заостанува зад конкуренцијата

од desk3

Новиот iPhone X несомнено е најдобар паметен телефон на Apple досега. Дури тоа сепак се чини дека не е доволно за уредот да отскокне во однос на конкурентите. iPhone X (Apple го чита како “10”) има некои неспорни квалитети. Едно од нив е квалитетот на изработката. Стакло во метално куќиште е убаво и елегантно.

 

Но во голема мера е триумф на дизајнот над функцијата . Екранот го покрива речиси целото лице на телефонот, и остава место само за мала црна лента со слушалката, предната камера и неколку сензори. Екранот ја опкружува црната лента од двете страни, овој простор се користи за системски информации како опсег, батерија и др. Проблемот е дека барем за време на официјалната презентација, видеото се гледа на целиот екран. Тоа значи дека дел од него останува “отсечен” и скриен под појасот.

Самиот дисплеј е 5.8-инчен OLED. Оваа технологија се користи за прв пат во iPhone. Кај конкурентите OLED панели во секакви варијации се користат со години. На Apple ова е првиот OLED панел кој е доволно добар да биде во iPhone. Дали тоа всушност е така ќе стане јасно по првите тестови кога уредот ќе излезе на пазарот во ноември.

Пред години iPhone беше водач во индустријата и сите други го следеа. Сега, сепак, тоа не е така дури изгледа обратно – iPhone се обидува да ги стигне останатите. Дури предметниот OLED екран всушност е со помала резолуција спрема Galaxy S8 кој е со иста големина. Помала е и густината на пикселите – 571 ppi за Galaxy S8 спрема 458 ppi кај iPhone X.

 

Технологијата Face ID можеби е единствената вистинска новина, која всушност го одликува iPhone X. Samsung има сличен развој преку скенер за Ирис, но Face ID е доста посложен. Го препознава целото лице на корисникот дури и тој да носи очила, да сменил фризурата и др.

Силната страна на iPhone X ќе биде во продуктивноста . Apple секогаш го оптимизира хардверот и софтверот многу добро и иако хардверските спецификации да отстапуваат наспроти оние на конкурентите, обично резултатите во тестовите се многу добри, па дури и подобри во однос на некои помоќни ривали. Се очекува и со iPhone X да се случи истото

Двојната камерата на iPhone X исто на хартија не е нешто ново и доста други Smartphones веќе нудат таква. Истото важи и за безжичното полнење на батеријата, водоотпорна обвивка и брзо полнење со кабел (но не и безжично).

Конечно, останува прашањето и за цената . Најевтиниот iPhone X ќе чини 999 долари пред даноци и такси. Ова го става дури над Galaxy Note 8, кој сепак е со поголем дисплеј и повеќе можности.

Слични содржини