Редовниот спорт бара мотивација, упорност и желба. Факт е дека за многу луѓе физичките вежби се вршење на тешка задача и дел од нив се откажуваат од редовните тренинзи од една или друга причина, иако се свесни за придобивките од физичката активност.e349010f90c771fdb31e666e7a04e23c

Постојат многу причини кои можат да ве натераат да престанете да вежбате – да немате време, да не чувствувате потреба во моментов, да немате тонус и др.

Видете кои се некои од најчестите изговори со кои луѓето се извлекуваат од редовните физички вежби:

1. Не гледате брзи резултати

Некои луѓе се откажуваат од регуларен спорт, набргу откако ќе започнат да го практикуваат, токму затоа што не гледаат никакви резултати. Тоа е голем проблем, бидејќи резултатите обично бараат време, трпение и упорност. Ако очекувате во текот на еден месец регуларен спорт (три пати неделно) губење на тежината видливо, тоа тешко дека ќе се случи. Во овој период вие повеќе може да се стегнете и да го тонизирате телото, но не и да ослабете.

2. Ќе почувствувате болка

Вежбите не се лесна работа. Всушност тие можат да бидат болни. По сесија може да имате мускулна треска, самите вежби може да ви чинат напори и да ви носат непријатност. Треба да се обидете да одолеете на овој предизвик, бидејќи вежбите помагаат за зајакнување на мускулите, а исто така помагаат за олеснување и спречување на многу болести, проблеми со зглобовите, артритис и др.

3. Здодевно ви е 

Има луѓе за кои спортот е голема досада и такви за кои тој е возбудлив и забавен. Ако сте од првите, можно е да сакате да се откажете лесно. Подобро е да си најдете друштво за спорт или едноставно да го промените типот спорт со нешто што ќе ви биде позабавно.

4. Сте ги постигнале резултатите кои сте  ги сакале

Многу луѓе се откажуваат од редовниот спорт, откако ќе ги постигнат резултатите кои се очекуваат или ги имале во својот ум. Дури веќе и да изгледате совршено, не прекинувајте со редовно вежбање, бидејќи вашите достигнувања ќе исчезнат многу брзо. Добррата кодниција и форма на телото мора да се одржува.

5. Сте качиле тежина

Има луѓе кои откако ќе започнат да тренираат редовно добиваат на тежина, наместо да слабеат. И сепак тие не сфаќаат дека реално не изгледаат на ист начин, а фигурата им е многу поцврста и поздрава. Акумулирањето мускули може да ги уплаши или вознемири некои жени кои очекуваат да ослабат преку спорт, а не мастите да се претвораат во мускулна маса.

Слични содржини