Зошто не го познаа воопшто!? Медиумските централи се опкружуваат со себеподобни …

од desk3

 

Новинарите живеат во балон со филтриран воздух и не ги претставуваат веќе оние слоеви од населението, кои се чувствуваат неразбрани и напуштени, вели германски медиумски експерт по повод грешните прогнози за Трамп- пишува DW.

36339196_303
За многу од водечките американски медиуми беше јасно уште пред изборите дека новиот претседател на САД ќе се вели Хилари Клинтон. Повеќето новинари го сметаа за незамисливо Трамп да победи на претседателските избори поради сексистичките и расистичките изјави кои ги правеше. “Њујорк Тајмс” ја поддржа кампањата на Хилари Клинтон и дури ги советува читателите да гласаат за неа, исто како и реномираното списание “Атлантик”.

Вредностите на елитите и вредностите на населението

Но потоа дојде шокот. Голем дел од избирачите гласаа за Трамп. Очигледно американските медиуми имаат различна идеја за Америка отколку поголемиот дел од населението. “Изборната победа на Доналд Трамп не изненади многу силно, бидејќи бевме слушнале од медиумите, дека резултатот на двајцата кандидати ќе биде многу близок, но со поголема веројатност за победа на Клинтон”, вели медиумскиот експерт од Универзитетот во Дизелдорф Герхард Фове.
Утврдените медиуми се потпираа најмногу на социолошките прогнози, кои беа потценеувачки за влијанието на Доналд Трамп, вели Фове. Тој тврди дека социолозите при анализите биле отежнати поради карактеристиките на изборниот систем во САД, поради големиот степен на мобилизација на избирачите на Трамп во последен момент, како и поради потценувањето на потенцијалот на колебливите гласачи.

Герхард Фове објаснува дека слични фактори имаат влијание и врз неточните прогнози за британскиот референдум. Фатално би било сепак грешните предвидувања на медиумите да бидат објаснувани само со неточните заклучоци на социолозите. “Постои еден либерален мејнстрим во однос на заедничките вредности, самопризнаени од политичките и медиумски средини. Овие средини заборават дека сепак станува збор за вредности кои не секогаш ги исполнуваат општите ставови на населението”, вели новинарот и публицист Уве Кругер во разговор со Дојче веле.

Според медиумскиот експерт Герхард Фове, резултатот од претседателските избори покажа дека водечките американски медиуми ја изгубиле врската со луѓето. Медиумските централи се опкружуваат со себеподобни – политичари или дипломирани студенти, кои се карактеризираат со одреден професионализам, релативно голема рационалност и заеднички комуникациски стил. Според Фове, проблемот е во различните комуникациски светови. Новинарите се слушаше само во ехото од сопствениот глас и не ги претставуваат веќе оние слоеви од населението, кои се чувствуваат неразбрани и напуштени.

Приврзаниците на Доналд Трамп ја прославуваат победата како триумф на еден аутсајдер над политичкиот естаблишмент. Десничарските популисти во Германија и Европа исто така, сакаат да добијат по такво сценарио. Политикологот Хајо Функе гледа сличности меѓу “феноменот Трамп” и напредниот пораст на партијата “Алтернатива за Германија”. Герхард Фове смета дека политичките кругови во Германија се премногу склони да ги игнорираат аргументите на популистички партии како “Алтернатива за Германија” и СИЕ и се обидуваат да ги маргинализираат. По победата на Трамп, по Брекзит и минатите изборни успеси на “Алтернатива за Германија”, сепак, новинарите не можат веќе да си дозволуваат такво однесување. Герхард Фове очекува од новинарите да пројавуваат “поголема чувствителност во однос на вознемиреноста и немирите на општеството”.

Социјалните медиуми – одек на сопственото мислење

Во времето на социјалните медиуми станува тешко да се процени што е периферен феномен, а што – значајна јавно појава. Социјалните медиуми создаваат сопствена комуникациска циркулација. Повеќето од приврзаниците на Трамп очигледно не се информирале од утврдените медиуми за општите расположенија. Преку Фејсбук и СИЕ тие добивале вести и информации блиски до нивните сопствени претстави. Герхард Фове нагласува дека тоа фрагментирање на комуникацијата има сериозни последици. “Кога во социјалните медиуми го слушаш само ехото на сопствениот глас, не се чувствувате веќе изолиран. Тоа ја крева самодовербата и ја активира”, вели тој.

Новинарот Уве Кругер повикува новинарите да не трчаат само по политичките елити и да пишуваат повеќе теми кои не се поврзани со официјалните прес-конференции.

Слични содржини