Зошто не треба јајцата да се чуваат на вратата од фрижидерот?

од desk3

Се докажало дека тоа не е најладното место и дека чувањето јајца на овој начин може да доведе до развој на патогената Салмонела. Ова се резултати од студијата објавена во изданието Good Housekeeping. Kaко што е наведено, температурта на вратата постојано се менува. Разликите постојат од фактот што повремено сме го отвориле фрижидерот и сме пуштиле топол воздух. Па затоа треба да  се земе во предид дека вратата е најтоплиот дел од фрижидерот.
Неправилното чување може да доведе до сериозни болести – салмонела. А причината за салмонелата е  топлото опкружување.
Исто така научниците не препорачуваат  јајцата често да ги преместуваме од  топла во  ладна средина, на пр. меѓу топлата кујна и фрижидерот.

Корисните својства на јајцата веќе сите ги знаат. Американските научници откриле дека јајцата  делуваат на здравјето на мозокот и васкуларниот систем. Само едно јајце на ден може да го намали ризикот од мозочен удар  за 12 проаценти. Оваа намирница корисно влијае и на срцето.

Јajцата содржат антиоксиданси кои го намалуваат нивото на притисок, кислородот на ќелиите и го намалуваат воспалувњето. Протеинот кој се наоѓа  во нив во поголеми количини го намалува притисокот врз крвните садови.

Слични содржини