Американскиот претседател Барак Обама сериозно ја сфатил заканата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за инвазијата на Сирија по бомбардирањето на сириските Курди во Анкара, јавува Independent.

images (30)

Авторот на текстот, кој е дописник од Блискиот Исток- Патрик Кокбем пишува дека војната во Сирија го достигна врвот, а по бомбашкиот напад во Анкара на 17 февруари, во кој загинаа 28 луѓе, Турција сега се заканува со воена акција во знак на одмазда.

Обама во петокот разговарал еден час и дваесет минути со Ердоган и го повикувал на воздржаност.Американскиот претседател е свесен дека САД или било која друга страна која интервенира во Сирија, Ирак или Авганистан, може да биде инволвирана во локалните конфликти и расправи, оценува Кокберн.

– Турците и Саудијците секогаш пробуваат да ја предизвикаат САД на копнена операција во Сирија, но не се обидуваат да покренат воена интервенција од големи размери, оценува за Индепендент еден поранешен дипломат на Блискиот Исток.

САД знаат дека евентуалната воена акција на Турција во Сирија би биле насочени кон сириските Курди и борците дел од Единицата за заштита на народот-YPG кои биле најдобар сојузник во борбата против Исламска држава.

kurdi

Во текот на разговорот со Ердоган, Обама рекол дека YPG не треба да се користи за победа на сириската војска на северот од земјата, кои се одвиваат за поддршка на руските воздушни удари и би остварила повеќе цели и би освоила што повеќе територии.

А, додека двајцата претседатели разговарале, Демократската сила на Сирија, под назив YPG заробиле важна база на ИСИС во Шададеу со помош на воздушен удар на САД.

Авторот пишува дека има уште една причина поради која САД не сака да излезе од воената алијанса со сириските Курди.

– Подолго од една година, Американците сфатиле дека Турците немаат намера да ја затворат својата граница со Сирија за терористите од ИСИС и другите џихадисти од своја северна, турска страна.. Поради тоа Американците одлучиле да ја затворат јужната страна со помош на сириските Курди.

 

Слични содржини