Зошто ретко се враќаме на првата љубов?

од Vladimir Zorba

Скоро ја сретнавте школската љубов … ве потопуваат спомени, убави, лоши. Се раѓа возбуда во вас повторно макар и по толку години и мислата да се обидете повторно заедно не ви е туѓа. Погледнете зошто ретко училишната љубов , макар да ѝ е дадена втора шанса се претвора во нешто убаво и перспективно.

Старите односи ќе ве изморат
Додека може да ви изгледа како љубовна магија да се соберете со поранешниот партнер од гимназијата, наскоро по фазата на розовите очила ќе сфатите колку заморно е да се обидуваш да заживееш врска која веќе била разбиена, можеби повеќе пати.

Ова не само што ќе ви здодее во даден момент, но ќе повлече по себе недоверба, незаинтересираност и дури и аверзија кон него или неа.

Вие се менувате
Не треба да се заборави дека нема да останете засекогаш тинејџери и со староста доаѓа и зрелоста на личноста. Начинот на кој ние се менуваме, длабоко влијае на нашите односи со луѓето околу нас.
Промената понекогаш се случува толку брзо што шансите да се собереме со училишната љубов се намалуваат значително. Се разбира има исклучоци, но тие се ретки, а уште поретки се случаите во кои овие линкови се долгорочни и успешни.

Вашите желби и потреби се променети
Колку повеќе се гледате со него или неа, толку повеќе сфаќате дека таа личност не е достојна да застане до вас како партнер. По емоционалното, сексуалното искуство кое сте го стекнале, врските кои сте ги имале, веќе имате јасно изградени критериуми за партнер.

Односите во кои сте поминале по гимназијата ви помагаат да ги гледате квалитетите во еден човек, да сфатите до кој степен може да се помирите со несовршеностите, какви компромиси можете да направите во врската.

Патиштата не се спојуваат
Секој од нас има различни цели во животот. Низ времето ние откриваме нови, соништата ни се менуваат, желбата да се развиваме може да се сврти нагло во друга насока. Некаде таму патиштата со првата љубов или се откриваат, или целосно се разминуваат. Преферираме да продолжиме напред со своите цели, отколку да ризикуваме успех за школска возбуда.

Слични содржини