Почетна / Актуелно / Зошто руската економија демонстрира значителен раст во услови на санкции и намалување на цената на нафтата?

Зошто руската економија демонстрира значителен раст во услови на санкции и намалување на цената на нафтата?

Германското издание Frankfurter Allgemeine Zeitung со недоумица ја анализира ситуавијата: зошто руската економија демонстрира значителен раст во услови на санкции и намалување на цената на нафтата.

Според податоците на Националното статистичко биро, наведува весникот, економските показатели на руските производствени сектори во вториот квартал на 2017 година се зголемении за 2,5% во споредба со истиот период на минатата година

Во сегашните услови тоа зборува не само за стабилизација, но и за брз раст.

Аналитичарите на изданието се прашуваат како при такви сурови казни и намалување на цената на црното злато, руската економија не само што зкрепнува, туку и забележува раст на БНП.

Но, земјоделството сè уште не се опорави од санкциите. Кога овие два сектори (индустрија и земјоделство) ќе се опорават целосно, тогаш Русија ќе стане целосно независна економски од други држави, забележува FAZ.

Изданието додава дека западните аналитичари погрешиле кога во 2012 година го оценуваа потенцијалот на Русија, претпоставувајќи дека нема да помине долго време по воведувањето на санкциите и таа брзо ќе се согласи на секакви услови за да бидат симнати западните ограничувања.

Сепак, ова не се случило. Нешто повеќе – санкциите ја стимулира Русија да развива производствените индустрии и да го зголемува индустриското производство, обезбедувајќи си независност од Западот.

Властите освен тоа имаат усвоено бројни ефикасни закони насочени кон замена на увозните производи и стоки. Во врска со тоа германското издание е уверено дека при зачувувањето на сегашниот тренд притисокот на САД и ЕУ на Русија нема да донесе никакви резултати.

Според прогнозата на ММФ економскиот раст на Русија во 2017 година ќе биде 1,4%, бруто домашниот производ на Русија според Оценките на ММФ во 2018 година, исто така, ќе се зголеми за 1,4%.