Зошто треба да ја вклучите црвената храна во менито?

од Vladimir Zorba

Тие содржат многу корисни материи, потребни за вашето тело.

Се смета дека колку повеќе концентрирана е бојата на една храна, толку таа е похранлива, Најчестите природни производи се зелени, црвени и жолти.
Во овој материјал ќе се осврнеме на црвената храна.

Еве и кои се придобивките од нив.

Антоцианините – се растителни флавомоиди со силни антиоксидантни својства кој ја дава црвената боја на храната. Исто така овие производи се извор на ликопен – антиоксидант, познат по своите антиканцерогени својства.
Клучот за здравјето на срцето е избалансиран крвен притисок, што се постигнува и благодарение на калиум. Може да се набави со консумирање на црвените природни хранливи производи. Вашето тело има потреба и од голем број витамини, меѓу кои A и C. Тие го намалуваат ризикот од рак, кардиоваскуларни болести и артритис. Важни се и за здравиот изглед на кожата, косата и ноктите.

Црвената храна го зголемува имунитетот. Електролитите пак им помагаат на клетките на телото да ги извршуваат основните функции. Црвената храна е полна со калиум, натриум и магнезиум. Тие помагаат за регулирање на нивото на крвниот притисок.
Флавоноидите го обезбедуваат антиоксидантен ефект на нашето тело. Се наоѓаат претежно во ситните црвени производи – храна. Тие се извор на кверцетин – флавоноиди, кој ги намалува симптомите на алергии и други здравствени проблеми како астма.
Во фрижидер мора да се имаат домати, цреши, јаболка, црвен кромид, јагоди, сливи, црвени пиперки, црвен грав, лубеница, црвена зелка и сето црвено сезонско овошје и зеленчук.

Слични содржини