Зошто Вилијам и Кејт не се држат за раце на јавни места?

од Vladimir Zorba

Еден од најпознатите парови во светот – Кејт и Вилијам, не се држат за раце, а тоа предизвика многу прашања меѓу обожавателите.

Според експертите, тоа нивно однесување не е поврзано со наводните проблеми во односите – јасно е дека тие многу се сакаат. Робин Кермад, специјалист за јазикот на телото раскажал пред Us Weekly дека Кејт и Вилијам дека двајцата едноставно го почитуваат протоколот, а исто така земаат пример од кралицата Елизабета.

“Кралицата и нејзиниот маж многу ретко се држат за рака на јавно место и тоа влијае на другите членови на семејството. Апсолутно јасно е дека Вилијам и Кејт се емотивно блиски, но тие не доживуваат потреба да ја докажуваат својата љубов на официјални настани. Тие се силен и независен пар и не е потребно тоа да биде видено од целиот свет “, објаснил експертот.

Тој исто така додал дека “Кејт пораснала и нема потреба некој да ја држи за раката”.

“Ние го видовме овој гест кај политичари и ѕвезди кои имаат проблеми во бракот. Тие ја фаќаат раката на партнерот, обидувајќи се да докажат дека сè помеѓу нив е во ред. “, вели уште Кермад.

Слични содржини