Зошто жените остануваат во токсични врски

од Vladimir Zorba

Ако ние сме оние кои ги прават сите компромиси во врската и имаме чувство дека го губиме идентитетот и среќата во врската, тоа значи дека се наоѓаме во токсична врска. Сепак, понекогаш се покажува тешко да ги прекинеме односите со партнерот. Кои се причините кои ги запираат жените од прекинување на односи кои повеќе штетат отколку што носат мир и среќа?

Страв дека грешката ќе се повтори

Ние сами сме го избрале својот партнер и овој избор се покажал како голема грешка. Се појавува сомнеж за тоа дали би можеле да ги оцениме правилно луѓето и дали следниот избор исто така ќе биде таков, дури и полош. Така често доаѓаме до заклучок дека не можеме да поминеме низ сето уште еднаш со некој непознат и е подобро да останеме до партнерот.

Страв од осаменост

Прекинот на слична важна фаза од животот, која трае со години, не е воопшто лесна. И покрај зборовите на околината дека ќе сретнеме некој подобар и ќе бидеме среќни, не секогаш можеме да поверуваме во тоа. Стануваме загрижени дека пријателите ќе си создадат свои семејства, а ние ќе бидеме осамени и несреќни.

Така многу често се доаѓа до заклучок дека е подобро да останеме во оваа врска, во која сепак веруваме дека ќе има и убави моменти.

Приврзани сме кон партнерот

Понекогаш е тешко да заборавиме дека сме го сакале партнерот и можеби продолжуваме да го сакаме, и покрај проблемите во врската. Почнува да не мачи помислата дека ќе го повредиме него, како себе, а раскинувањата се болни. Така остануваме во токсичната врска.

Слични содржини