Почетна / Актуелно / Ѕвездан Георгиевски:„Недела дена во живототот и смртта на Гроздан“

Ѕвездан Георгиевски:„Недела дена во живототот и смртта на Гроздан“

Новинарот Ѕвездан Георгиевски, синоќа  ја промовираше својата прва прозна книга, „Недела дена во живототот и смртта на Гроздан“, издание на „Темплум“.

Книгата е објавена како првонаградена на Конкурсот на издавачот за признанието „Новите!“, што се доделува за дебитантска прозна книга. Тој факт беше доволна провокација за шегите на своја сметка на 56 годишниот луциден новинар со голем новинарски багаж зад себе, меѓу другото основач на првото радио во Македонија, „Канал 4“ и на наградата „Роман на годината“, на Утрински весник, како тогашен уредник на Културната рубрика во во весникот.

Георгиевски рече оти има некоја симболика што е промоцијата токму на 17 февруари, Денот на македонското новинарство. Тоа е професија во која тој со години грчевито се обидува да преживее, а токму на тој ден се случи и првиот штрајк на медиумите во Македонија, на изданијата од МПМ.Затоа тој ги повика присутните гости кои ги имаше од сите сфери на општество на јавна поддршка, што и ја доби:„Ве молам со еден аплауз да им дадеме поддршка на колегите од Утрински, Дневник и од Вест“, рече Георгиевски кој и во текот на денот лично присуствуваше на штрајкот заедно со колегите пред МПМ за да им даде поддршка, иако веќе не работи со нив.

Ова издание на едицијата „Катапулт“ на „Темплум“, Георгивски го има поднасловено како Роман во слики за машкото стареење, а го посветува на мајка си, која го чува во срцето и на сопругата и ќерката, кои тој ги чува во своето срце